Актуелно

Финските пратеници ќе гласаат за влез во НАТО

Финските пратеници попладнево ќе гласаат за закон со кој ќе и се овозможи на нивната земја да го забрза процесот за влез во НАТО.

Доколку овој закон биде усвоен, Финска може брзо да реагира дури и ако очекуваните ратификации на Турција и Унгарија дојдат во време кога Финска сè уште нема формирана влада по парламентарните избори во април, пренесува Гардијан.

Се очекува овој закон да биде донесен без никакви проблеми.

Претседателот на Финска, Саули Нинисто минатата недела изјави дека ќе го потпише овој закон, но дека „од практични причини“ може да почека до изборите во април.

Усвојувањето на овој закон не значи дека Финска автоматски ќе влезе во НАТО кога Турција и Унгарија ќе го ратификуваат нејзиниот прием во оваа организација, но носи рок до кој Финска ќе чека во исто време соседна Шведска да влезе во НАТО.

На почеток