Македонија

Денеска е Водокрст – на полноќ се отвора небото

На 18 јануари се слави празникот Водокрст. За православните Христијани е строг пост.Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. На празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.

Водокрст паѓа во очи Богојавление и секогаш е посен ден, без оглед на тоа во кој ден од неделата се паѓа.

Се верува дека во глуво доба од ноќта, пред Богојавление, на момент се отвора небото, за да се вкрстат ветровите кои дуваат зиме со оние кои дуваат лете и дека целата вода станува света. Кој тогаш ќе се затекне на отворено и го види тоа, може од Бога да посака исполнување на една желба.

Некои овој празник го нарекуваат Водокрштение или Водопост. Овој празник е празнува на 18 ти јануари. Водокрст доаѓа од крштевањето односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за строг пост.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток