Скопје

Состојбата во МРТВ е алармантна, а никој не презема ништо – вработените се качуваат по 19 ката пешки

Зградата на Македонската радио телевизија е во катастрофална состојба. Неодржувањето на инвентарот, низата катастрофи, како и поплавите уште еднаш го отвораат прашањето кој го доведе овој објект во ваква состојба?

Вработените сведочат дека не работат ниту лифтовите, па така, оние кои се сместени на 19 кат, мора пешки да се качуваат и симнуваат. Фотографиите кои ги доби „Скопје 1“ покажуваат дека состојбата во МРТВ е алармантна, а никој не презема ништо. Лифтовите, не работат веќе подолг временски период, иако се неопходни, никој нема намера да ги поправи.

Пред една недела, во градата на МРТВ, каде се сместени повеќе државни институции, се случи и поплава, водата се исцрпуваше од лифтовите и просториите, биле поставени и вреќи со песок. Од тој момент, зградата е оставена во уште позапуштена состојба.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток