Актуелно

Лекарите во Нов Зеланд апелираа: „Електронските цигари да се продаваат само во аптеки или со рецепт“

Истражувачите и експертите од јавниот здравствен сектор во Нов Зеланд повикаа електронските цигари да се продаваат само во аптеки или со рецепт, со оглед на зголемената побарувачка за овој производ кај тинејџерите.

Додека бројот на луѓе кои пушат цигари во Нов Зеланд падна на рекордно ниско ниво во периодот од 2019 до 2021 година, оние што користат електронски цигари се зголемуваат, особено кај тинејџерите, пренесува лондонски Гардијан.

Затоа голем број здравствени работници во Нов Зеланд побараа да го следат примерот на Австралија, каде електронските цигари се прогласени за лек кој може да се издава само со лекарски рецепт.

Брајан Бити, директор на Кралскиот колеџ во Нов Зеланд, рече дека институцијата се залага електронските цигари да бидат достапни само во аптеките или лекарските ординации.

Тој истакна дека електронските цигари се „многу вредна алатка за откажување од пушење“.

– Од се срце ја поддржуваме нивната употреба за тие цели – рече д-р Бети и нагласи дека лекарите се многу загрижени за младите кои никогаш не пушеле, а користат електронски цигари.

На почеток