Коментари

Грчева: А што очекуваа од Ескобар? Како да нè нарече по договорот од Преспа, со кој Грција присвои сè македонско?

Претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева во објава на Фејсбук ја коментира изјавата на американскиот заменик помошникот на државниот секретар Габриел Ескобар и реакциите по неа.

„А што очекуваа луѓево од Ескобар? Како да не нарече после договорот од Преспа? Според тој договор, на секој медиокритет треба да му е јасно дека се што е македонско, Грција го присвои. Секоја можна идентитетска одредница. Затоа со денови протестиравме, ама некои сега тазе разбудени, тогаш преспаа се.
И сега станавме “православни” што е безобразлук и глупост во најмала рака. Но, кога им укажувавме на “нашиве” и им укажуваме на погубноста на договорот, се прават недоветни (какви што впрочем, се).
Следниот пат ќе не нарече Балканци, во најдобар случај.
И пак ќе бараме “извинувања”. Што од нив? Абе договорот по Вардар, само тоа е чаре!!!“ – напиша Грчева.

На почеток