Коментари

Игор Југ: Сите стари удбаши душа испуштале врекајки како јариња и барајќи свештеник да ги исповедаат тоните грев, и вие така ќе завршите

По одбивањето на иницијативата за донесување закон за амнестија на уставобранителите во Собранието, се огласи еден од осудените, Игор Југ:

„Им благодарам на Драган Стари Пешевски и на Јанаки на идејата и иницијативата!

Им благодарам на сите пратеници кои гласаа ЗА!

Оние кои гласаа против имаат свои причини кои не сакам да ги анализирам. Животот е круг, еднаш и за некој кој на нив им е мил, а можеби и за нив лично ќе треба да се гласа…

Им благодарам на оние кои искрено не поддржуваат и ја посакуваат нашата слобода, бидете благословени луѓе!

Посебно ќе се осврнам на оние кои лицемерно ќе лајкуваат на овој пост, а во длабочината на својата расипана душа посакуваат никогаш да не излеземе од затвор и на кои сето ова што се случува во Македонија изминативе 6 години им оди на рака и им одговара на нивните лични интереси и на интересите на центрите на моч на кои им ја имаат продадено душата за грст сребреници.

Прочитани сте како буквар, тоа што не ве терам директно у ***у матер е затоа што сакам да видам до каде ќе терате и колку л*јна сте спремни да изедете за да станете “некој и нешто” и финансиски да се осигурате. Засега гледам дека имате огромен капацитет на тоа поле!

СЛАТКИ НЕКА ВИ СЕ!!!

Само знајте едно: Сите стари удбаши душа испуштале врекајки како јариња и барајќи свештеник да ги исповедаат тоните грев кои ги имале на душата, сите лицемери по професија поминувале исто. И вие така ќе завршите, а се она што сте го заработиле со лицемерие и кодошлук, ќе ви го трошат други.

Животот бргу поминува, а личен избор е дали ќе го проживееш како човек или како лебарка!!!“.

На почеток