„Метрото на Скопје го почнале инкогнито од Идризово за да не разбере Данела“ – тунелот во затворот мета на коментари


Затворениците осудени на високи казни со месеци го подготвувале план за бегството од „Идризово“. Управата за извршување на санкциите информираше дека поради основано сомнение дека од страна на осудени лица се превземаат недозволени активности со кои би се создале услови за организирано бегство од установата, во изминатиот период од два месеци го подигнале степенот на безбедност со цел да дојдат до подетални информации и да се провери нивната веродостојност.
Според информациите од МВР, зад планот стоела група од најмалку 8 затвореници во „Идризово“, осудени на казни од 10 години до доживотен затвор.
Tунелот бил во дожина од 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули.
Граѓаните се пошегуваа дека затворениците ја започнале изградбата на метрото во Скопје, но тајно за да не разбере градоначалничката Данела Арсовска.
Знаете кога го потпишале тендерот за метрото со почетна станица Идризово?
Пак во четири очи?— Velesil S (@SiljanStrkott) March 22, 2023
Метрото на Скопје го почнале инкогнито од Идризово за да не разбере Данела, за почеток до Сарај и Грчец. За брзо движење при бегање.
ИЗНЕНАДУВАЊЕ— Velesil S (@SiljanStrkott) March 22, 2023
Ќе има ли чочеци за новиот тунел во Идризово ? Зна ли се шта ??
— Вреќа Патлиџани (@bastisankonj) March 22, 2023
А имало ли светло на крајот на тунелот..во Идризово?
— НЕДОПИРЛИВА (@Nedopirliva1) March 22, 2023
Чуварите у Идризово:
-Шо праите бе?
Затворениците:
-Со тетин ми копаме бунари, хахахах
Чуварите:
😂😂😂— GorgeKocev ❁ (@gorge_kocev) March 21, 2023
Без гајле, шо сакате правете.
Ни ,,ќе завршиш во затвор" веќе не е застрашувачка закана.Со почит,
Хотел Идризово.— Царевата Ќерка (@Carevata_Kerka) March 21, 2023
Дали тунелот во Идризово е дел од најавените 1300 километри патишта??? 🤔🤔
— Viber Viber (@Pravda1221) March 21, 2023
Опаа дечките спремале Призн Брејк Идризово едишн
— БУГАРСКИ ПАСОШ🇲🇰 (@NemamBgPasos) March 21, 2023
Изградивме 6000км тунел во Идризово! pic.twitter.com/W8xRVtvv04
— ROCK DASKAL (@BORO9999) March 21, 2023
Екслузивно видео од копачите во Идризово pic.twitter.com/eXlIN378eO
— Кичеецот (@mancesterovec7) March 21, 2023
Clint Eastwood во новиот филм, "Бегство од Идризово". pic.twitter.com/km458KpIpw
— Claudia ❼ (@Shiferovska) March 21, 2023
