Уапсени Срби во Австрија за кражба: влегле во трговски центар со празни кеси и си заминале со полни
Двајца млади Срби на возраст од 20-ина години се уапсени во Австрија поради кражба во трговскиот центар „Парндорф“.
Според локалните медиуми, еден од граѓаните забележал дека нешто необично се случува.
„Мажот забележал автомобил, кој бил паркиран пред трговскиот центар, и четворица млади момчиња, кои постојано заминувале и доаѓале до автомобилот. Го оставиле клучот од автомобилот на воланот, што предизвикало посебно внимание“, пренесуваат локалните медиуми.
Потоа граѓанинот ја следел натамошната ситуација и видел дека младите влегле во дуќаните со празни кеси и си заминале со полни. Ја известил полицијата, која набргу пристигнала.
Полицијата фатила двајца Срби со полни торби со облека, а потрагата по другите двајца разбојници сè уште трае.