Актуелно

Порно ѕвезда му се заканува на Трамп: „Ова ќе го боли“

Порно ѕвездата Сторми Даниелс тврди дека снимките од телефонски разговори, кои таа му ги предала на својот адвокат, ќе го „болат“ поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

44-годишната Даниелс се најде во центарот на истрагата на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брего, што Обвинителството ја води против 76-годишниот Трамп, поради неговата наводна исплата на 130.000 долари на Даниелс за време на претседателската кампања во САД во 2016 година.

Наводно и била платена сума за да и се „купи“ молчењето за нивната секс афера од 2006 година.

„Сигурна сум дека јас ќе се смеам последна. Денеска му дадов информации за мојот телефон на мојот адвокат (ова ќе го боли!) и планирам активности за пролетниот распуст со моето дете. Беше убав ден“, напиша Даниелс на Твитер.

Сторми почна јавно да зборува за доказите откако сослушувањето на големата порота беше ненадејно откажано откако неидентификуван сведок не се појави на суд.

Минатата недела, Даниелс и нејзиниот адвокат, Кларк Брустер, за прв пат се сретнаа со канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен поради извештаите дека обвинението против Трамп е неизбежно.

„Сторми одговараше на прашања и се согласи да се стави на располагање како сведок и да биде достапна за понатамошна истрага доколку е потребно“, рече Брустер.

Да потсетиме, Сторми за прв пат се сретна со Трамп во летото 2006 година на хуманитарен голф турнир во близина на езерото Тахо, во планините Сиера, на самата граница на Калифорнија и Невада. Таа тогаш имаше 27 години, а Трамп 60. Според неа, тој ја поканил во својот стан на вечера и ја пречекал во пижами, удобно легнат на каучот. Тие потоа се го имале, како што таа го опиша „најдосадниот секс во нејзиниот живот“. Трамп, од друга страна, негира дека некогаш бил интимен со Даниелс и ја обвинува за „изнуда“ и „тотална измама“.

Она што со сигурност се знае е дека Даниелс добила 130.000 долари за нејзиниот молк пред претседателските избори во 2016 година. Исплатата е дел од истрагата на Окружниот суд на Менхетен за можни прекршувања на законите за финансирање на кампањата.

Кога таа финансиска трансакција излезе на виделина во 2018 година, Даниелс побара од судот да го поништи нејзиниот договор за необјавување со Трамп и почна да се појавува на телевизиски емисии.

На почеток