Хоспитализиран Силвио Берлускони
Од
Објавено на
Поранешниот италијански премиер и лидер на партијата „Форца Италија“, Силвио Берлускони е хоспитализиран поради силни болки од непозната причина, објавија локалните медиуми.
Тој беше примен во клиниката Сан Рафаеле во Милано.
Според весникот „Кориере дела сера“, 86-годишниот политичар и бизнисмен најверојатно ќе ја напушти болницата во среда, на 29 март.
Берлускони последен пат беше хоспитализиран пред нешто повеќе од една година, во јануари 2022 година, кога имаше инфекција на уринарниот тракт, додава весникот.