Коментари

„Со новото покачување од 78% на сите функционерски плати, станува атрактивна и за луѓето кои навистина поштено би ја работеле“, вели Беќаровски

Познатиот доктор Нико Беќаровски, на својот Фејсбук профил го напиша својот став за најавеното покачување на платите во здравството и на државните функционери.

Еве што напиша тој:

„Со новото покачување од 78% на сите ФУНКЦИОНЕРСКИ ПЛАТИ, оваа “професија” дефинитивно станува атрактивна и за луѓето кои навистина ПОШТЕНО би ја работеле.
Со новото епохално зголемување на платите на докторите од цели 1,7-2,2 % оваа професија дефинитивно останува атрактивна само за луѓето кои НЕЧЕСНО би ја работеле.
#ФункционерИлиЏерманијаДетИсДквешчнНау.
#Халоо_ПЕЏА_унд_КАРАНФИЛ“, вели Беќаровски.

На почеток