Свет

Лолита ќе добие слобода по половина век


Претставниците на морскиот аквариум во Мајами постигнаа „обврзувачки договор“ со непрофитната организација „Пријатели на Лолита“ според која китот тежок 2,26 тони познат како Лолита ќе биде пуштен во Тихиот Океан во рок од две години, по повеќе од половина век поминат во аквариумот.

dobivaj vesti na viber

За враќањето на Лолита во природната средина ќе се бара согласност и од американската федерална влада, пренесува Ројтерс.

Лолита, 57-годишната орка, со децении е една од најголемите атракции на аквариумот во морето во Мајами.

„Сакавме на Лолита да и обезбедиме подобра иднина, тоа е една од причините што не мотивираше да се здобиеме со сопственост на морскиот аквариум во Мајами“, изјави извршниот директор на „Делфин“, кој е новиот сопственик на аквариумот, Едуардо Албор.

Неуспешната борба траеше со години

Групите за права на животните со години неуспешно се бореа на суд за Лолита да биде ослободена откако американската Национална управа за океани и атмосфера ги прогласи орките за загрозен вид во 2015 година.

Лолита, која беше фатена во 1970 година во залив во близина на Сиетл, е позната и како Токи, што е кратенка од домородниот американски збор за кит, „токитае“.

Китовите-убијци се многу пријателски расположени животни кои живеат до 80 години.

На почеток