Коментари

Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во нашето здравство, Беќаровски со реакција за зголемувањето на платите на функционерите

Д-р Нико Беќаровски,во јавноста важи за човек кој секогаш искрено и јавно ги пишува своите ставови за разни општествени теми.

Овој пат,тој повторно реагираше за повисоката плата на функционерите,кои сега земаа повисока плата за 16 илјади денари.

„Бруто платите на американските конгресмени и сенатори се 174.000$ годишно.

Просечната бруто плата исплатена на докторите специјалисти во САД е 234.000 $ годишно за специјалистите по јавно здравје до 554.000 за пластичните хирурзи.Од денес нето платата на македонските парламентарци без патни трошоци, без пресметан стаж, без дневници за патување итн е само 110.000 денари. Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во македонското здравство“, напиша тој на својот профил на Фејсбук.

На почеток