Вратени сме во 1992 година, вели Колозова за јавниот градски превоз
Од
Објавено на
Професорката Катерина Колозова, остро реагираше на нередовноста на автобусите на ЈСП.
Според неа, автобусите доцнат и онаму каде што не возеле приватните превозници.
„Колку линии се укинати со укинувањето на приватните? Зошто ЈСП на линии кај имал свој (не приватен) автобус на секои пет минути сега нема ни на 30? Како да функционираат сите “примитивци” кои, ете, немаат ни кола ни знаат да возат точак? Овој град има право на вистински јавен транспорт, каков што имаше и добро функционираше. Не ми е јасно зошто никој не протестира дека сме вратени на ниво 1992, како во динамика така и на план на почитување распоред на автобуси“, вели Колозова.