Цркви на звучници, џамии на звучници – од кај изникна оваа турбо-фолк верзија на религиозност, вели Колозова


Професорката Катерина Колозова, реагира на тоа што верските објекти се озвучени, па литургиите и муслиманските молитви се слушаат преку звучници.
– Цркви на звучници, џамии на звучници- од кај изникна оваа турбо-фолк верзија на религиозност? Вака не беше. Вака нигде не е. Никој никого нема право да го тероризира со сопствените уверувања, вклучително и религија. Ја не знам за дел од овој континент наречен Европа кајшто ваква наметливост се допушта- и за едните, и за другите. На километри се слушаат. Може ли и МПЦ и ИВЗ да не се тероризираат взаемно, своите верници, и останатите што не се никакви верници – напиша таа на својот фејсбук профил.
