Коментари

Ковачевски расипнички троши 245 евра дневно за да им „продава“ на граѓаните пропаганда за „уставни измени“, вели Јоци

Јорданка Ивановска Јоци во војата нова објава на социјалните мрежи вели дека премиерот Димитар Ковачевски троши по 245 евра дневно за да им продава пропаганда на граѓаните за уставни измени.

„За три месеци, од јануари до април, Димитар Ковачевски за Фејсбук #реклами и самопромоција потрошил 22.100 евра. ДНЕВНО расипнички троши во просек 245 евра или 15.000 денари, две третини од една просечна месечна плата во Македонија.

Иронично, во рекламите кои чинат 245 евра дневно, на граѓаните им ,,продава” намалување на макарони од 2 денари и 1 денар намалени јајца. И секако – скапо платена пропаганда за ,,уставни измени”.

Неговите колеги во регионот со кои често сака да се слика, #Александар #Вучиќ и #Еди #Рама за истиот период, за рекламирање на ФБ, потрошиле НУЛА ЕВРА!

Секој сам нека пресмета колку цело СДСМ троши безобзирно како да ќе нема утре за нив, а притоа цела партија се скроз исклучени и не слушаат што им порачува народот уште од сега за избори“, се вели во објавата.

На почеток