Скараните партии со нова караница – ВМРО-ДПМНЕ обвинува за криминал, СДСМ смета дека обвинувањето не е за нив туку насочено кон САД
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/02/dimitar-kovachevski-hristijan-mickoski-960x504-1.jpeg)
Двете најголеми политички партии, со ново препукување за коридорот 8. ВМРО-ДПМНЕ обвинува за криминал, СДСМ смета дека обвинувањето не е за нив туку насочено кон САД.
„Власта на Груби и Ковачевски да го откријат договорот за изградбата на коридорите и да го покажат пред јавноста. Не може да има тајни клазули кога се работи за тешки милиони народни пари. Криењето на договорот значи само едно, криминалното дуо Груби-Ковачевски има направено штета на граѓаните и на државата. Да немаше ништо контроверзно и криминално во договорот Груби и Ковачевски досега ќе го објавеа. Наместо да се грижат за интересите на граѓаните и Македонија, тие ги прифатиле сите позиции на приватна компанија и на тој начин го штителе нејзиониот интерес. Имено тие според догвоорот кој не сакаат да го објават, презеле обврски кон компанијата да изменуваат закони, меѓу кои и законот а работни односи. Крими тандемот Груби-Ковачевски се обврзал да го промени овој закон, а во спротивно ако не го направи треба да бидат исплатени 53 милиони евра еднократно и дополнителни 2,1 милион евра секој месец додека трае изградбата, која патем би била пролонгирана. Вкупната штета која Ковачевски и Груби се нафатиле да ја исплатат со народни пари според одредбите од договорот е околу 200 милиони евра. Секоја приватна компанија сака да го максимализира профитот, а секоја Влада треба да го штити интересот на народот и државните финансии. З жал тоа не е случај со оваа власт на Ковачевски и Груби. Тие одат против Уставот, против Уставниот суд, против законите, против граѓаните, против се, само на сила да го направат тоа што го намислиле на грбот и преку џебот на народот. За ова мора и ќе одговараат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Одговорија од СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на проруската Левица, ги обвинува САД и Бехтел за криминал. ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на провизии од кинеските автопати продолжува да се противи на стратешките проекти во државата. Скандалозно и неодговорно, ВМРО-ДПМНЕ, партијата во заложништво на проруската Левица, ги обвинува САД и изведувачот Бехтел за корупција. Изградбата на делниците од Коридорот 8 и Коридорот 10Д е историски најголема инвестиција во патната инфраструктурата, нешто за што се зборуваше со децении, денес се реализира и тоа е во интерес на граѓаните и државата. Додека СДСМ државата инвестира во капитални, стратешки проекти,, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата режимска партија, која останува симбол на корупција и криминал“, велат СДСМ.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)