Директорката на ЈП Комуналец Неготино, Марина Бојаџиева, со писмена наредба им истакна на вработените да не доаѓаат на работа во алкохолизирана состојба, и да не пијат алкохол додека се на работа, бидејќи во спротивно ќе заработат отказ. Исто така, таа им нареди да го почитуваат и работното време и своите работни задачи, објави fokus.mk.
Не е познато дали на вработени во неготински Комуналец им се случило пијани да доаѓаат на работа и дали токму такви случки ја ,,прелиле” чашата на директорката, но наредбата која е истакната на јавно место, пред просториите на ЈП Комуналец, не предизвика големо изненадување кај неготинчани. Во градот на виното и ракијата, каде речиси секое семејство произведува алкохол за домашна употреба, многумина практикуваат да испијат по некоја чашка како ,,загревање” пред работа. Утринско кафе и ракија е традиција во многу семејства во Неготино и Кавадарци.
Текстот во целост на fokus.mk.