Актуелно

Има стан од 400.000 и 119 евра на сметката, Курти го пријави имотот во Антикорупциска

Премиерот на Косово, Албин Курти, го пријавил својот имот во Антикорупциска, во која изјавил дека поседува стан вреден 400.000 евра. Станува збор за стан од 67 метри квадратни кој е на име на неговата сопруга, пренесува „Репортерс“.

Курти пријавил дека на сметката има 119,58 евра, додека неговата сопруга во норвешка банка има 10.000 евра. Курти на годишно ниво добива заработка во износ од 16.647,69 евра, стои во пријавата.

Тој изјави дека престанал да прима плата како претседател на движењето Самоопределување од моментот кога станал премиер.

На почеток