Македонија

Првите луѓе на згаснатиот клуб добија бугарски пасоши: „Ќе бидеме достојни граѓани на Бугарија, како што сме на Македонија“

Бугарскиот претседател Румен Радев им ги врачи бугарските лични документи на Љубчо Георгиевски и на Благој Шаторов – претседателот и секретарот на затворениот бугарски клуб од Битола „Иван Михајлов“.

„За мене е привилегија да доделам бугарски лични документи на двајца наши сонародници, чија патриотска активност и храброст ја потсети цела Бугарија дека железниот светилник на бугарскиот патриотизам никогаш не бил згаснат во соседна Република Северна Македонија, дека илјдагодишната бугарска култура и историското наследство во Македонија се неизбришливи и ќе продолжат да ги будат умовите и срцата на Бугарите“, рече Радев.

Претседателот, како што пишуваат бугарските медиуми, им вети дека државата ќе ги заштити нивните животи, достоинство и правда.

Шефот на бугарската држава повторно кажа дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија рамноправно со другите народи е практично гаранција за нивната рамноправност и неопходно барање на ЕУ за почеток на преговорите за членство и им заблагодари на европските лидери за прифаќањето и разбирањето на нивниот став.

„Да работиме заедно во името на граѓаните во Бугарија и Северна Македонија, народот од двете страни на границата, со убедувањето дека споделуваме не само заедничка вековна историја, туку и заедничка иднина во обединета Европа“, рече Радев.

Претседателот на затворениот клуб „Иван Михајлов“, Љубчо Георгиевски се заблагодари за документите и кажа дека претседателската институција во Бугарија прва го слушнала нивното барање за помош, како и дека проблемот на Бугарите допрел до европските институции и држави.

„Мислам дека ќе бидеме достојни граѓани на Бугарија, како што сме и на Македонија“, рече тој.

На почеток