Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во провинцијата Катанија, на италијанскиот остров Сицилија.
Епицентарот бил на територијата на општината Санта Марија ди Ликодија и на длабочина од 9 километри. Локалните медиуми јавувааат дека неколку лица биле хоспитализирани со ситни повреди. Паднати биле дел од фасадите на неколку згради.
Потресот бил почувствуван на целата територија на провинцијата Катанија, како и во провинциите Ена и Месина.