Ги крадат, манипулираат, лажат, ништо не ги учат, ги потценуваат до даска, што си барале ќе си добијат, вели Глигорова
Активистката Ана Глигорова, со осуда за образовниот систем.
„Во битката да се има 5 се оди бескомпромисно, со ниски удари, родители до наставници, и обратно, препишување кое е усовршено на високо технолошки ниво. Со завршен факултет се на ниво на трето одделение поради пусти петки, лажни за одвратен и неразбирлив материјал кој не може да се научи и да се има желба. Во време на биолошки војни, вистинска војна која носи огромен број жртви, вештачка интелигенција, владеење на психопати и нарциси, тие препишувале на тест.
Тргнале на школо со неполни шест години, одат на екскурзија до Охрид, која чини цела плата на родител. Ги крадат, ги манипулираат, ги лажат, ги пореметуваат, ништо не ги учат. Ги потценуваат до даска. Што си барале ќе си добијат.“ напиша таа на Фејсбук.