Американскиот претседател Доналд Трамп, одржал уште еден митинг, каде се дружел со своите приврзаници. Истакнал дека би можел да го победи рускиот претседател во бокс меч и повторно зборувал за лажните вести против него.
“Тој би сакал да влезам со него во бокс меч. Мислам дека тогаш добро би се покажал”, рекол тој. Претседателот на САД повторно ги нападнал медиумите кои пласираат лажни вести.
“За Русија рекоа дека сум многу благ кон неа, за Северна Кореја дека сум премногу строг. Но да ви кажам, да бев малку погруб кон Русија, ќе кажеа дека сум прегруб. Тие луѓе се премногу луди, ви велам. Тие се лажни”, рекол тој.
Кога Трамп со Путин го одржале последниот состанок, истакнал на прес конференција дека верува дека Русија не била вмешана во американските претседателски избори во 2016.