(ВИДЕО) Панчо сними љубовна песна во Италија
Панчо од ДНК во Италија ја објави најновата песна „Мами“, која ја сними во Наполи. Тој периодов беше во Италија кај Елмас кој ја прослави титулата со Наполи. Ова е негова прва песна без Андреј од ДНК, но рече дека добил дозвола од него да ја сними.
Песната ја работеше со продуцентот Лазар Цветкоски, а спотот покрај во Наполи го сними и во градот Помпеја и Салерано од каде почнува Амалфскиот брег. Во видеото има сцени од прославата со навивачите на Наполи. Панчо кој е пријател на Елмас му беше на гости ѝ му се заблагодари за топлиот пречек.
„Морам да му се заблагодарам на Елмас за пречекот. Ни обезбеди и влезници за натпреварот и не покани на забавата каде заедно со фудбалерите на клубот ја славеа шампионската титула“, ни рече Панчо.
За потсетување, ова лето дуото ДНК ќе одржи многу настапи ширум нашата земја, а во блиска иднина ќе слушнеме и нешто ново од музичкото трио Панчо, Андреј и Лазар Цветкоски.