Професорката Тања Каракамишева смета дека Владата го крие писмото од Венецијанската комисија. Таа преку ФБ ги повика новинарите да го побараат писмото упатено до претседателот и заменик-претседателот на Владата и да ја информираат јавноста за ставот на Комисијата.
Во продолжение статусот на ФБ од професорката Каракамишева:
Само што добив информација од генералниот секретар на Венецијанската комисија, г-дин Томас Маркерт, дека согласно правилата на Комисијата владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до кабинетот на Османи и на Заев.
Да имавме слободно новинарство јавноста веќе ќе беше информирана. Ама немаме!
Ги повикувам новинарите да го добијат писмото упатено до претседателот и заменик-претседателот на Владата и да ја информираат јавноста за ставот на Комисијата во однос на ваквите недолични испади на политичари врз угледни експерти, напиша на ФБ Каракамишева.
