Македонија

Лога: Сиромашниот Mакедонец се потпишува како припадник на друг народ поради бесперспективноста и блокадата

Откако се поклони на гробовите на Јосип Брзо Тито и Енвер Хоџа, следната дестинација за поклонување на Димитар Апасиев е гробот на Бенито Мусолини, се наведува во реакцијата министерот за правда, Кнерар Лога до лидерот на Левица.

-Господине Апасиев, наместо да се гордеете дека во изводот на родени ќе стои националност- Македонец/Македонка, Вие со својата деструктивна политика по секоја цена сакате да ги држите граѓаните во заблуда за свои политички цели. Како ,,самопрогласен” борец на интернационалистите, Вие треба да водите грижа за сите граѓани и народи, рамноправно да се развиваат во својата држава. Ако денеска сиромашниот Mакедонец се потпишува како припадник на друг народ не заради добивање на извод туку поради бесперспективноста и блокадата, господине Апасиев Вие сега имате можност да ги поддржите уставните измени кои ќе ни го отворат патот во ЕУ и ќе ни овозможат подобра иднина на сите. Ден поскоро во Европската Унија, значи СТОП на ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈАТА, му порачува Лога на Апасиев.

To Top