(ВИДЕО) Досие „Мерко“: Дваесет години со плата од граѓаните и куп кривични пријави – чист за Македонија, но не и за САД
И по дваесет години седење во државна фотелја, правосудните институции во Македонија не најдоа незаконско постапување кај струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од ДУИ. Стејт департментот го стави на црна листа поради корупција, додека струшкото Обвинителство ги отфрли девет од дванаесет кривични пријави, во кои дел имаше и вакви наводи.
Затворен е и предметот против Мерко за набавката на луксузното Ауди со општински средства, во кој се вози низ Струга, а кој го водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
За делата за кои се осомничен, предметите во кои бил опфатен, молкот од ДУИ за одлуката да се најде на т.н. црна листа, но и за тоа кој е Мерко – во сторијата на „Макфакс“.