Актуелно

Од 26 јуни до 10 јули нема да сообраќаат возовите на релација Скопје – Велес

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Причината е, како што посочуваат, извршување на работни задачи на одржување на пругата, со цел зголемување на брзината на движењето на возовите

На почеток