Возот за Скопје не тргна, патниците од Велес останаа без превоз
Утрово голем број патници кои од Велес со воз патуваат до Скопје останаа без превоз. Возот што тргнува од Скопје за Гевгелија и обратно, а по возен ред од Железничката станица во Скопје поаѓа во 16,55 часот синоќа по тргнувањето се расипал. Поради тоа утрово истиот воз во 4.40 часот не тргна од станицата во Гевгелија, информираат за МИА од Железничката станица во Велес.
Голем број од велешани кои наутро патуваат со овој воз на овој патен правец, а попладне во 16:55 часот се враќаат, се ученици, студенти, или вработени во Скопје па имаат месечен или билет со попуст.
Тие денеска беа револтирани што мораа да се изложуваат на дополнителни трошоци и бараат од ЈП МЖ -Транспорт што поскоро да го оспособи овој воз.