(Видео) Авион со патници не може да слета во Охрид поради невремето, кружи над градот
Од
Објавено на
Авион од компанијата „Визер“ кој патува од Малме, Шведска, не може да слета на охридскиот аеродром. Причината е силното невреме кое го погоди градот. Авионот кружеше околу границата Албанија-Македонија, потоа и над Струга.
Имаше и обид за слетување, но наместо тоа, пилотот помина само преку аеродромот „св. Петар и Павле“ во Охрид. Авинот направи круг и над селата Оровник, Горенци, Требеништа, Мислешево. Бидејќи немаше услови да слета, го надлетуваше и Охридското Езеро.
Планирано време за слетување било во 11 часот.