Охрид

Поплавени се куќи, уништени се кровови, објавува Пецаков за состојбата во Охрид

„Веднаш после завршувањето на состанокот на кризниот штаб при Општина Охрид, комисијата за проценка на штети излезе на терен. Во моментов се врши проценка каде што имаме сознанија дека се најголеми штетите, односно каде што има големи оштетувања на домовите“, објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

„Најпогодени се домовите во населбата Видобишта каде на поголем број куќу се оштетени крововите и е дојдено до поплавување. Се постапува и по пријавите за штети кои што се пристигнати и до Територијалната противпожарна единица и јавните претпријатија. Веднаш на терен излегува екипа и врши проценка дали станува збор за поплави и врши достава на пумпи или е за нешто друго“, додаде тој.

Посочи и: „Постојано сме на терен и работиме на санација на оштетувањта кои се во голем обем. Сите граѓани кои имаат штети треба да ги пријават до Центарот за урпавување со кризи на телефонскиот број 112“.

На почеток