Во скопското село Љуботен вчера, татко си го пронајде своето едномесечно бебе мртво.
Според информациите на полцијата, вчера во 11:00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.О.(22) од село Љуботен, скопско, пријавил дека истиот ден околу 10:00 часот во куќата во село Сингелиќ, скопско, го пронашле починато нивното едномесечно машко бебе.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.