Коментари

Корумпираните говеда од СДСМ-ДПМНЕ дозволија цел систем да зависи од една крими-партија со мафиозни алашвериши, вели Апасиев

Контејнерите во главниот град веќе неколку дена се преполни со смет. Не стивнуваат реакциите од граѓани поради тоа што ѓубрето не се исфрла од контејнерите. Уште полошо е велат што поради топлото време се шири страшна смрдеа. Причината за ова е што од петокот дел од вработените во „Комунална хигиена“ протестираат и не го собираат ѓубрето, но и не дозволуваат останатите вработени да работат.

Лидерот на Левица, партија која во Советот на Град Скопје има 4 советници, вели дека дваесетина вработени во во ЈП „Комунална хигиена“ од редовите на ДУИ се причината зошто неколку дена ѓубрето не се собира.

„Цел главен град на земја-членка на НАТО е заложник на 20 битанги од ДУИ кои 15 години “оделе” трета смена на работа и сега им рекле да одат прва, па господава се увредиле!?
(Затоа е блокирано собирањето ѓубре у Скопје)
p.s. Корумпираните говеда од СДСМ-ДПМНЕ дозволија цел систем да зависи од една крими-партија со мафиозни алашвериши. Ѓубриња смрдени!
#ГрадотУбавПакЌеНикне
#НемаКојДаВикне“, стои во објавата.

На почеток