Скопје

Наумоски: Купив „бе-ем-ве Х5“, па нема со магариња да патуваме

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, си купил нов автомобил, марка „БМВ Х5“ кој го пријавил и во анкетниот лист. Наумовски пред година и половина кога седна во градоначалничката фотелја возел „пежо 1007“. Тој во изјава за „Макфакс“ вели дека е нормално да си купи нов автомобил и додава „Нема со магариња да патуваме“.

„Автомобилот е произведен во 2010 година и чини 17 илјади евра. Беше 20 илјади евра, па ми ја намалија цената оти беше оштетен кај багажникот. Кога дојдов за градоначалник, не бев на улица најден. Го купив со заштеда, го продадов стариот автомобил и го исплаќам на рати. Автомобилот е увезен од Америка. Па, нема со магариња да одиме“, вели Наумоски за „Макфакс“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток