Коментари

Жена бркала телевизиска екипа од летниковец, оти го имала резервирано

Додека телевизиска екипа снимала прилог за проблемите на децата со дијабет, жена дошла и ги избркала од летниковец оти имала резервирано.

„Телевизиска екипа снима прилог за проблемите на децата со дијабет. Одбрале да снимаат во парк во еден летниковец, интервјуираат родители на детенце со дијабет, тежок и тажен муабет. Одеднаш доаѓа некоја госпожа што решила да слави роденден на летниковецот кој е на сите нас и ги брка луѓево, она имала резервирано. Не знам каде се резервира летниковец за прослави, најверојатно никаде. Видно вознемирена ко да и дошле дома, им се дере што они уште седат, а она има тука за спремање. Овие културни и со една тага станаа и си отидоа, не се спуштија на нејзино ниво. Како вака дозволивме да згазат простаците? Мене у полициски билтен ќе ме имаше денес“, стои во објавата.

 

To Top