Богоев до Груевски: Очигледно те погодив во нерв, вистината е како шило, a ти тоа добро го знаеш
Груевски, очигледно те погодив во нерв, па напиша статус со многу зборови, малку поенти и воопшто вистина! Соочен со фактите дека токму ти, твојот советник Мицкоски и вашето ДПМНЕ ја доделивте концесијата за Иловица во 2012 година (во прилог слика од одлуката во Службен весник, јуни 2012г) повторно се обиде да ја манипулираш јавноста. Својствено за тебе Груевски, така владееше 11 години.
Ова е дел од постот кој го напиша Стефан Богоев од СДСМ, директор на Царина, на неговиот Фејсбук профил, како реакција на постот на поранешниот премиер и избеган осуденик, Никола Груевски.
Неговиот пост можете и сами да го прочитате и да го слушнете видеото во кое Груевски најавува отварање рудници во источна Македонија:
Богоев не остана покус па му порача на Груевски:
Сега земи воздух Груевски, и види го и видеото во прилог, како во изборна кампања во 2016 година се фалиш дека ќе отвориш десетина рудници во југоисточниот регион. Тешко е за гледање Груевски, ама ни тогаш, ни сега, не те интересирало здравјето на граѓаните!
И за крај, Груевски, вистината е како шило, a ти тоа добро го знаеш! – заклучува Богоев.
Препукувањето меѓу македонските политичари деновиве на големо се практикува на социјалната мрежа Фејсбук, каде и претходно Богоев објавуваше видеа од најавите за отварање рудници низ земјава.