Здрава Котлина до Груевски: Дојди ти Никола да живееш под таква брана наместо од Будимпешта да ни солиш памет со украдени милиони
Невладината организација Здрава Котлина на социјалните мрежи реагираше во врска со објавата на поранешниот премиер Никола Груевски.
„Видовме што има напишано бившиот премиерот во бегство па еве да го потсетиме со прашања:
1. Дали се сеќава Никола дека клучен услов, што е вметнат во самиот договор со број 24-6749/1 од 24.07.2012 во член 18 став 9 алинеа 6, при доделувањето на концесијата за експлоатација во 2012 беше концесионерот да побара и добие дозвола за експлоатација во рок од 2 години сметано од денот на потпишување на договорот?
2. Знае ли Никола дека за неисполнување на такви услови во постапки каде им е дадено предимство пред другите фирми точно поради такви услови се раскинуваат договори и се обештетува државата, но има луѓе што лежат по затвори а не се шетаат по Будимпешта и управуваат од сенка преку посредници со мултимилионски фирми?
3. Дали се сеќава Никола дека во 2014 концесионерот Фелпс Доџ Вардар им ја продаде концесијата на Еуромакс Ресурси за 1.5 милиони долари и поради тоа Владата каде тој беше премиер мораше да потпише три дополнителни договори (24-564/1 од 22.01.2014, 24-4563/1 од 23.09.2014 и 24-4170/1 од 22.06.2015) со Еуромакс за усогласување со првиот договор за концесија?
4. Дали знае Никола дека согласно законот за минерални суровини член 47, став 15, при секој пренос на управувачки пакет над 51% се плаќа надомест од 7% од вредноста на концесијата на државата? Зошто не се наплатија тие надоместоци во 2014 година? Кој е одговорен за оштетување на буџетот?
5. Дали се сеќава Никола дека во 2015 дал согласност за трето лице Ројал Голд (поврзани со Ротшилд Банка), кои се јавуваат како кредитен доверител на Еуромакс Ресурси, за воспоставување колатерален залог на концесијата на земјата во Иловица во случај Еуромакс Ресурси да банкротираат? Нека се потсети на што се однесува договорот со архивски број 24-4170/1 од 22.06.2015)
6. Дали се сеќава Никола дека во 2016 кога Еуромакс Ресурси ја добива втората концесија бараат да се спојат двете концесии со исти услови како првата (воспоставување залог) и за среќа Никола одбива да ги спои концесиите. Затоа сега го прашуваме Никола зошто беше таа мотивација да не се спојат двете концесии во 2016?
7. Е како бе Никола дури сега дозна дека наместо Фелпс Доџ Вардар било Еуромакс Ресурси?
8. Како бе Никола ти текна дека на северот во Финска имало рудник и се било супер среде ледена тундра со густина на население помал од 1 на квадратен километар?
9. Како бе Никола си дозволи да се скрие Студијата за влијание врз животна средина од 2012 и да имаме само 50 странички нетехничко резиме со ниво на семинарска работа? Архуската конвенција е флагрантно прекршена?
10. Како бе Никола од најавувани 130 тони злато во 2012 паднаа на 78 тони во 2016? Големиот смок ли ги лапна или? А како од активни методи во консултантските извештаи на англиски јазик станаа пасивни методи во македонските извештаи? Разликата е во 2 милиони долари годишно за во наредните 300 години што државата ќе треба да ги плаќа за да чисти 20 литри во секунда киселина со Ph вредност помеѓу 2 и 3. Или пак како НАТО студиите и Институтот за земјотресно инжинерство даваат параметар за забрзување на почва од 0.6g а Еуромакс си скратиле на половина на 0.32g? Оти не градиме кенеф Никола, ами сакат да се гради највисоката брана на хидројаловиште во светот со 276 метри!!! Е не го напишале земјотресот во Кресна од 1904 година на само 40 км воздушна линија со синтни 7.8 Рихтери. Ама дојди ти Никола да живееш под таква брана наместо од Будимпешта да ни солиш памет со украдени милиони!!!
Имаме ние уште прашања ама штета што работите излегоа од контрола па не успеавме да те прашаме пред да избегаш од Македонија“, стои во објавата.