Свет

Фустанот на преклоп на Колинда Грабар Китаровиќ експресно распродаден

Откако се појави во Белата куќа на средба со претседателот Трамп и неговата сопруга Меланија, медиумите не престануваат да зборуваат за изгледот на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

Таа ја истакна новата фигура во тесен фустан на преклоп, со златна лента на рабовите, а реакциите беа и повеќе од позитивни.

Доказ за тоа е и информацијата од хрватските медиуми дека фустанот е распродаден веднаш. Се работи за креација „Катарина“ на хрватски бренд „Duchess“, која претходно ја носеле и други познати Хрватки, но претседателката очигледно немала проблем со тоа. Кога би сакале да ја имате, би морале да ја чекате од 16 до 33 дена, бидејќи интересот е огромен, а инаку цената ѝ е 185 евра.

На почеток