Магазин

(ВИДЕО) Човек скокна од Стариот мост во Мостар, а долу имаше чамец

За влакно е избегната трагедија при скок од Стариот мост во Мостар.

Кога мостарскиот скокач скокна во Неретва пред насобраната публика, под Стариот мост се појави чамец. Луѓето викаа „брод, чамец“, но веќе беше доцна, затоа што скокачот веќе беше во воздух. Скокачот и чамецот се разминаа за само неколку сантиметри и е избегната трагедија.

Лани американски турист скокна од мостот висок 25 метри, по што луѓето го спасија да не се удави.

На почеток