Македонија

Напаѓачите на навивачите на „Левски“ во РСМ не се фудбалски хулигани, потикнати се од омраза, вели Стојанов

„Овој напад е поттикнат од омраза. Напаѓачите не се фудбалски хулигани“, изјави Виктор Стојанов од Фондацијата Македонија во бугарската емисија „Здраво Бугарија“.

Стојанов додаде дека од полицискиот дневник јасно се гледа дека два бугарски автомобили излетале од трасата и влегле во квартот „Чаир“, во кој главно живеат етнички Албанци.

„Меѓу албанското население нема антибугарски чувства“, тврди тој.

Според Виктор Стојанов, напаѓачите веќе се идентификувани од полицијата. Сепак, се уште нема информации за апсења. Тој повика на остри казни.

На почеток