Хакиран профилот на доктор Беќаровски: Гледам неколку мои објави се избришани, ама пак ќе ги реобјавам
Проф. д-р Нико Беќаровски денеска објави дека профилот му бил блокиран и хакиран, а дел од објавите му биле избришани.
-Во периодот од 23.30 до денес во 10.00 профилот ми беше блокиран и хакиран.
Гледам неколку мои објави #deleted, ама пак ќе ги реобјавам.
Се надевам дека во тој период немало “мои” објави , ако имало јас не сум авторот.
Изгледа ФБ со право го преименуваа во МЕТА.
Меѓу ХИПОКРИТ и ХИПОКРАТ разликата е само една буква.
Убав викенд на сите, убаво одморете се, јас денес и утре морам да дежурам. (бидејќи нема кој, или според некои кои одамна престанале да дежураат и заборавиле колку се крвави дежурствата, “да правам пари”)
Од понеделник продолжуваме уште потурбулентно, пишува тој во најновата објава.