Магазин

Од техно до тапани, од светски траки до Тоше Проески и Халид Муслимовиќ – светскиот диџеј Ганачи тверкаше со задникот на среде сцена

Ohrid Calling продолжува да се подобрува секоја година. Неповторливо и незаборавно фестивалско искуство за сите кои присуствуваа на овогодинешните концерти.

Од техно до Тоше Проески и Халид Муслимовиќ, вака изгледаше журката на „Охрид Колинг“ со Салвадор Ганачи кој по вторпат е во Охрид.

Ганачи освен што е одличен диџеј, ја фрли публиката во транс од самиот старт и доби огромни овации кога рече: „Македонија дали си подготвена?! Не Северна Македонија, туку Македонија, дали си подготвена“.

Од сцената ги прозва сите што се убави, па сите што се фукара (сиромашни), потоа наркоманите, за на крај рака да кренат сите што се сметаат за секси накркомани – по што започна со една од неговите траки „Секси наркоман“.

„…Единствено што е важно сум јас. Запамети, не е важно како ќе се идентификуваш, јас се идентификувам како најдобар. Што мислиш? Јас сум одличен. Не, јас сум се уште безболен. Не, јас сум фантастично, неверојатно. Јас сум перфектно. Јас сум најдобар“, ечеше на „Охрид Колинг“ и следеше скок на сцената.

Незаборавни останаа сцените каде Ганачи тверкаше со задникот качен на пултот. За завршеток, се пееше „Чија си“ од Тоше Проески и „Није мене душo убило“ од Халид Муслимовиќ.

На почеток