(Видео) Светскиот диџеј Аоки покажа како се ужива во Охрид и зошто треба да се гордееме: нуркање, скокање од карпа па со знаме до луда журка
Славниот американски диџеј и продуцент Стив Аоки направи концерт за паметење, во рамките на овогодинешниот Охрид Колинг.
Салата беше преполна, а оние кои беа дел од овој спектакл поминаа незаборавна вечер. Освен забавување со неговите хитови и уживањето во специјалните ефекти, Аоки го вееше и македонското знаме, а публиката ја почести и со торта.
Според странските медиуми, дури 2.500 луѓе годишно добиваат удар во лице од фрлена торта од познатиот Американец, а тоа редовно го прави за време на изведбата на песната „Cake me“.
Во интервју за The Daily Beast, Аоки објасни дека фрлањето торта се случило на прилично обичен начин. Размислувал за посебна точка што треба да ја вгради во своите настапи, а пријател му покажал видео од тортата како лета кон нечие лице во забавена снимка. На почетокот Аоки сакал да промовира една песна со фрлање торта, но работите се променија и публиката и понатаму сака диџејот да ја удри со торта по лице.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Аоки на Инстаграм објави и видео на кое ужива во убавините на Охрид. Тој се качи на огромна карпа, од која скокна во Охридското езеро.
View this post on Instagram