Охрид

Овогодинешното издание на „Охрид колинг“ е историско: последно издание во касарна!

Покрај досега најатрактивната хедлајнерска програма на Ohrid Calling откако фестивалот се одржува во Касарна, има уште нешто што го прави овогодинешното фестивалско издание историско и за вас, и за нас, и за артистите кои ќе настапат оваа година;

„Како што сме информирани од страна на Општина Охрид, во Касарна следуваат инвестиции и иновации на некои постоечки објекти поради кои најверојатно повеќе нема да сме во можност фестивалот Ohrid Calling да продолжи да се одржува на истата локација на која се одржува последниве 5 години.

Изминативе 5 години, благодарение на вас, лојалните фанови на фестивалот, како и помошта на Општина Охрид, успеавме да ја претвориме Касарна во бастион на добра музика, вистинска фестивалска дружба и место во кое се создадоа спомени кои сите ние ќе ги паметиме цел живот.

Со полно срце и фантастична програма, со овогодинешното издание ставаме крај на едно поглавје од фестивалот, a од септември со полна пареа се спремаме за јубилејното 10то издание на Ohrid Calling!

Се гледаме на Ohrid Calling од 31ви јули до 3ти август за последен пат во Касарна, Охрид!

Влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија!“, велат од Авалон продукција.

На почеток