Македонија

Познатиот пејач на народна музика, Момо Николовски – тешко болен, се собираат парични средства за лекување

Познатиот пејач на народна музика, Момо Николовски – тешко болен. Семејството на социјалните мрежи апелира за помош и собирање на срества за лекување Тој боледува од абдоминален канцер и му треба помош за понатамошно лекување во Берлин или Истанбул.

По емотивното писмо на неговата сопруга Валбурга Батева Николоска, на социјалните мрежи се споделуваат апели за помош на Николовски.

„Ова е мојата љубов. Човекот на мојот живот. Моето вечно момче и мојата рајска музика во срцето. Цел живот со неговата песна развеселуваше, но и безброј пати помагаше на луѓе кои беа соочени со животни предизвици. Сега е неговиот ред. Сега е нашиот ред. Ни треба помош, оти звуците на љубовта не смеат да згаснат, сега, кога најмногу си требаме еден на друг. Не сакам да го дадам, нема да го дадам! Неговата топла душа е моето скришно, безбедно место, таму не живее темнината, таму има доволно светлина за сто животи и уште еден. Секогаш бев тука за вас и вие за мене. Барајте ме, вие кои знаете колку го љубам, но и вие другите, кои сакат некого и некој ве сака. Овој филм мора да заврши со среќен крај, со ваша и Божја помош, а во моја режија. Мече мое, судбино моја, продолжи да танцуваш со мене! Јас, ти и музиката..“, напиша таа.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток