Десетина лица се повредени во сообраќајна несреќа што пред околу еден час се случила на магистралниот пат Гостивар- Кичево, кај превојот Стража.
Сообраќајна несреќа кај каменоломите пред Гостивар. Во несреќата учествувале автомобил и комбе. Километарски колони од двете страни, затоа што сообраќајот е во целосен прекеин повеќе од 1 час.
Според првичните полициски информации, сообраќајката се случила во 14:10 часот, на излезот од Гостивар, во близина на Камеломонот.
Во сообраќајката учествувале еден автомобил „голф“, еден „пасат“ и едно патничко комбе.
Во моментов полицијата од ПС Гостивар врши увид, а сообраќајот е во прекин, вели Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.