Скопје

Лифт се откачил во зграда во Скопје додека во него имало мајка со дете

Триесет и шестгодишна скопјанка е повредена откако се откачил лифтот во кој влегла заедно со нејзиниот малолетен син. Инцидентот се случил во саботата во зграда на улицата „Вангел Тодоровски” во скопската населба Аеродром.

„На 26.01.2019 година околу 15,00 часот 36- годишната А.В од Скопје пријавила дека на улица “Вангел Тодоровски” во Скопје, кога влегла во лифт во зграда заедно со нејзиниот малолетен син и го притиснала копчето за 3-от кат лифтот се откачил и паднал едно ниво подолу.

На А.В. и е укажана лекарска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза” од каде по укажаната лекарска помош е пуштена на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот и известен јавен обвинител“, велат од МВР.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток