Македонија

Досега 33 пратеници ја потпишаа иницијативата за распуштање на парламетот

33 пратеници ја потпишаа иницијативата за распуштање на парламетот, 2 се службено отсутни.

Од пратениците од ВМРО ДПМНЕ, иницијативата не ја потпишаа Илија Димоски, Даниела Рангелова и Крсто Јованоски.

Од пратеничката група на СДСМ најавуваат дека најверојатно нема да ја прифатат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, што, сепак, не значи дека е отфрлена можноста за предвремени избори. Конечната одлука за тоа дали ќе се оди на спојување на изборните циклуси, според најавите, ќе биде донесена до крајот на оваа седмица, на седница на Извршниот одбор на СДСМ, кој доби такво овластување од Централниот одбор минатиот петок.

За распуштање на парламентот и распишување предвремени избори треба да се обезбедат најмалку 61 пратенички глас.

На почеток