Македонија

Пендаровски на 11 -годишнината од смртта на Арбен Џафери: Неговата визија денес е исполнета

Шефот на државата Стево Пендаровски синоќа оддаде почит на 11-годишнината од смртта на поранешниот претседател на ДПА, Арбен Џафери, за кого рече дека се исполнила неговата визија.

„Арбен Џафери, првиот, а подоцна и почесен претседател на Демократската партија на Албанците, се залагаше за мултиетничка држава, во која сите заедници ќе живеат во рамноправност. Денес, единаесет години по неговата смрт, неговата визија е исполнета“, истакна македонскиот претседател.

Пендаровски објави и дека годишнината ќе се одбележи со печатење на поштенска марка во негова чест.

„На годишнината од смртта, со поштенска марка во негова чест, го одбележуваме неговиот влог во политиката“, додаде тој.

На почеток