Коментари

Ние немаме втори држави, немаме Kосово, немаме република Српска, немаме Kипар, ова ни е домот – коментар на денот

Божидар Божиновски ги коментираше прашањата поврзани со почитта кон прашањата за Македонците и другите народности. Според него ова не е политичко прашање туку живот или смрт.

„Прашањата кои се отвараат, со должна почит кон другите народности, се чисто прашања за Македонците, ничии други историја, јазик, култура и идентитет не се загрозени. Ние немаме втори држави, немаме косово, немаме република српска, немаме кипар, ова ни е домот, од Гевгелија до Куманово, од Дебар до Делчево, толку е. Никој од тие силни сограѓани, соседи, пријатели не покажа ни најмалку разбирање за она што ни се случува, напротив дури се и отворени закани дека полошо ќе нѐ снајде ако не се самоукинеме. Повторно со должната почит од погоре, одебете. И ова не е политичко прашање, не е прашање на власт, ова е прашање на живот или смрт. А подобро достоинствена смрт отколку живот на колена. Ќе треба еден по еден да нѐ збришат за да ја збришат и Македонија“, вели Божиновски.

На почеток